Во Германија, трет ден по ред, бележи нов рекорден дневен број на новозаразени на коронавирус. Спрема податоците на институтот Роберт Кох, утрово биле пријавени 39.676 нов озаразени, број кој досега Германија го немала.
Вирусологот Кристијан Дростен поради тој пораст истакнува дека мора да се “затвори дупката во вакцинацијата“, и дава застрашувачка прогноза за зимата.
Досегашен рекорд забележан е во петокот со 37.120 новозаразени.
Во понеделникот и вторникот било регистрирано рекорден број по прашање на дневни инциденции. Исто така забележан е и рекорден број на починати заразаени од корона, бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 слица.
Пред една недела тој број бил “се уште“ на 194.
Дростен нагласува дека е неошходно да се преземе нешто, и дека мора да дојде до ограничување на контакти меѓу луѓето.
– Ние се најдовме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе кои не се вакцинирани – рекол тој.
