2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Газпром објави дека одобрила план за полнење на пет подземни складишта со гас овој месец

Компанијата објавила дека одобрила план за полнење на пет подземни складишта со гас овој месец, се вели во соопштението за печатот објавено денеска, во кое се истакнува дека работата за полнење е веќе започната.

Цените на бензинот драстично пораснаа во последно време поради стравувањата од недостиг, а рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Гаспром во октомври да ги зголеми испораките за Австрија и Германија. Шефот на компанијата Алексеј Милер тогаш изјавил дека тоа ќе биде можно од 8 ноември, потсетува ДПА.

Гаспром беше под жестоки критики во Европа и многу официјални лица велат дека не се подготвиле соодветно за европската побарувачка.

Москва ги негира обвинувањата и ја враќа топката, тврдејќи дека не ги обновила соодветно залихите на Стариот континент по минатогодишната сурова зима.

Некои тврдат дека Русија ги намалила испораките на гас за Европа за да го зголеми притисокот врз Германија да издаде сертификат за гасоводот Северен тек 2, што налути некои германски сојузници. САД, Украина и Полска велат дека Москва го користи гасот како оружје во геополитичката борба за влијание.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести