5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Властите во Шри Ланка соопштија дека најголемиот кластер сафири во светот е пронајден во дворот на трговец со скапоцени камења

Властите во Шри Ланка соопштија дека најголемиот кластер сафири во светот е пронајден во дворот на трговец со скапоцени камења – случајно во калта.

Трговецот со скапоцени камења рече дека каменот бил пронајден од работници кои копале бунар во неговиот двор во Ратнапура, област богата со скапоцени камења. Вредноста на бледо синиот сафир се проценува на околу 100 милиони долари.

Кластерот или џиновска грутка сафир, тежи околу 510 килограми, или околу 2,5 милиони карати, и веќе е наречен „Серендипити сафир“ (случајно пронајден сафир).

“Лицето кое го ископа бунарот не извести дека нашле ретки камења. Потоа наидовме на овој примерок”, рекол сопственикот на каменот за BBC, кој од безбедносни причини не сакал да го открие своето име или каде точно живее.

Наводно, сопственикот го нашол кластерот пред една година и ги известил службениците за тоа, но му биле потребни многу месеци да го исчисти со експерти и да го претстави на светот.

За време на процесот на чистење, некои скапоцени камења беа од кластерот и беше утврдено дека станува збор за висококвалитетни ѕвездени сафири, изјави сопственикот на сафирот, кој е трета генерација трговци со скапоцени камења.

Шри Ланка е водечки извозник на сафири и други скапоцени камења. Земјата минатата година заработи околу половина милијарда долари со извоз на скапоцени камења, дијаманти и накит, но загуби и многу поради пандемијата, па се надеваат дека новото откритие ќе привлече купувачи и експерти.

“Никогаш не сум видел толку голем примерок. Овој веројатно е формиран пред околу 400 милиони години”, вели гемологот д -р Гамини Зојса.

Експертите предупредуваат дека иако станува збор за примерок од 2,5 милиони карати, тоа не мора да значи дека секој камен во него е со висок квалитет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести