Жителите за кратко време ја разграбаа робата од полиците на супермаркетите
Илјадници купци во Вухан ги преплавија продавниците во паника, бидејќи нови случаи на коронавирус беа регистрирани во градот за прв пат по една година.
Жителите за кратко време ја разграбаа робата од полиците на супермаркетите. Стравуваат дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени, повторно ќе има затворање. Сакаат да се обезбедат навреме и да ги снабдат своите домаќинства со намирници и потреби за домаќинството, пренесува news.com.au.
Официјалните лица се обидоа да ја смират ситуацијата, велејќи дека продавниците ветуваат дека нивната понуда на стоки ќе биде стабилна. Бројни фотографии од гужва во супермаркети кружат по социјалните мрежи и во светските медиуми.
Луѓето стојат во долги редици и чекаат да платат за купената роба. На фотографиите може да се видат и празни полици, бидејќи некои предмети биле разграбени.
Може да се види дека клиентите носат заштитни маски, но дека правилата за одржување социјална дистанца во овој случај не се почитуваат.
Масовно тестирање започна во градот каде што болеста за прв пат беше откриена кон крајот на 2019 година.
Главниот град на провинцијата во централна Кина, каде живеат 11 милиони луѓе, ќе го тестира целото население, со 8 нови случаи пријавени во вторникот.
Вухан, кој му даде увид на светот за првите блокади кога започна пандемијата, нема пријавено нови случаи на коронавус од средината на мај минатата година.
Неговото строго, но успешно затворање од 76 дена го шокираше светот, но тој рецепт наскоро го применија и другите земји во светот.
Кина го намали локалниот пренос на вирусот на речиси нула, дозволувајќи и на економијата да закрепне и животот да се врати во нормала во голема мера.
Но, новата епидемија го загрози тој рекорд, бидејќи брзорастечката варијанта на коронавирусот Делта се прошири во 20 градови во повеќе провинции.
Националната здравствена комисија во вторникот соопшти дека 90 нови случаи биле потврдени претходниот ден. Милиони луѓе низ Кина беа затворени во своите домови како одговор на короната на почетокот на пандемијата.
Домашните транспортни врски беа прекинати и започнаа масовни тестирања, а на туристите им беше забрането да патуваат на дестинации за одмор во текот на летната сезона.
