-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Ја местите постелата наутро или не ? Тоа кажува многу за вас каква личност сте

Според истражувањето спроведено на 68.000 луѓе – дури 59 проценти од нив признале дека не го наместиле креветот, додека 27 проценти имаат навика. Останатите 12 проценти рекле дека другите треба да го сторат тоа за нив, според истражувањето објавено на Психологија денес.

Да се намести креветот не одзема многу време, но некои луѓе сè уште не го прават кога ќе се разбудат. Некои сметаат дека тоа е бесмислена работа и губење време затоа што и онака ќе бидат повторно во него на крајот на денот, други се само мрзливи, други секогаш стануваат премногу доцна … А оние што го местат секое утро имаат свои причини зошто го прават тоа – им се допаѓа спалната соба уредна, навикнати се уште од детството, сите го прават тоа, па еве и тие.

Местењето кревет по будењето има многу подлабоко значење од самата навика. Експертите тврдат дека внимателно затегнување на постелнината секое утро, исправување на перниците, уредно редење на ќебиња итн. за луѓето го покажува следново:

1. Тие сакаат да се чувствуваат корисни
Поставувајќи кревет наутро, тие добиваат прво чувство дека биле корисни тој ден, исполнија една задача… Затоа го започнаа работниот ден веќе малку горди на себе и сакаат да го задржат тоа чувство во текот на денот. Затоа тие ќе се обидат да направат уште неколку задачи до вечерта, бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат добро.

2. Состојбата на креветот е состојба на умот
Постои израз дека креветот е одраз на една личност – уреден кревет, уреден живот. Оние кои сакаат наместен кревет, сакаат да имаат ред во нивните животи. Луѓето кои не го поставуваат тоа, добро се снаоѓаат во хаос и тоа не им претставува проблем толку многу како уреден.

3. Одраз на среќата и продуктивноста
Во споменатото истражување, 71 процент од луѓето кои секое утро ја местат постелата рекле дека се среќни, а 62 проценти од оние што не го прават тоа признале дека не се задоволни. Експертите шпекулираат дека првите повеќе уживаат во својата работа, редовно вежбаат и повеќе спијат.

4. Тие сакаат да држат сè под контрола
Луѓето кои редовно ја местат постелата по будењето, сакаат да го држат животот под контрола, а креветот е само еден детал во таа загатка.

5. Се подготвуваат се за непријатни работи
Некои луѓе го местат креветот, иако реално не им е омилена навика, го прават тоа затоа што потсвесно се подготвуваат да се соочат со работите што би сакале да ги избегнат, но не можат – на пример, работа што им е тешко да ја завршат, непријатен разговор со пријател.

Ако немате навика да го подготвувате креветот, а неодоливо сакате да ја усвоите, ова е рецептот: научниците велат дека потребни се 66 дена за една задача да стане навика и рутина.

Исто така, постојат поборници да не се мести креветот. Тие тврдат дека е поздраво затоа што поради расфрланата постелнина, креветот е подобро проветрен од грините и другите непожелни жители одговорни за алергии и астма. Научниците, пак, одговараат дека 20 минути се доволни за да се вентилира креветот, така што овој изговор сè уште „не пие вода“- пренесува Elite Daily.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести