Најмалку шест лица загинаа и девет се ранети во војната меѓу ривалските банди во затвор во Мексико, потврдија тамошните власти.
Тепачката избувна во вторникот попладне по локално време во затворот во градот Вилахермоса во државата Табаско.
Ривалските банди биле вооружени со оружје што затворениците главно го правеле сами, а според чуварите, тие се бореле за контрола на територијата во затворот.
Војната меѓу затворениците започна во дворот на затворот кога членовите на бандата се нападнаа едни со други со палки и ножеви.
Fight between rival gangs in Mexico prison leaves six inmates dead and at least nine injured, officials say https://t.co/ajEaoHHyLa
— BBC News (World) (@BBCWorld) June 23, 2021
Била распоредена полиција за разбивање на немирите, а локалните медиуми објавија дека скоро 80 полицајци влегле за повторно да воспостават контрола.
Овој затвор и порано беше место на смртоносни битки. Во февруари, двајца затвореници класифицирани како „високо ризични“ беа убиени во конфликт.
Борбите во затвор во Мексико не се невообичаени. Според Националната комисија за човекови права, во државните затвори имало скоро 1.000 борби во 2020 година.
Имало и неколку бегства на „познати“ осуденици како мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, кој успеа да избега од два затвори со максимална безбедност пред да биде испорачан во САД.
