2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КОПЕНХАГЕН E НАЈДОБРИОТ ГРАД ВО СВЕТОТ ПО КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ

Копенхаген е најдобриот град во светот според квалитетот на животот, покажа истражувањето на британското списание „Monocle“.

Ова е четврти пат главниот град на Данска да го добие тоа признание од почетокот на истражувањето во 2007 година, пренесува Ројтерс.

Цирих, Хелсинки, Стокхолм и Токио се меѓу петте водечки градови според квалитетот на животот, откако „Monocle“ го обнови рангирањето по едногодишна пауза за време на пандемијата на COVID-19.

  • Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите, рече главниот уредник на „Monocle“, Ендру Так.
  • Амбициите за создавање почиста околина се најдобри и градот ги користи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции, додава Так.

Годинашниот извештај анализира кои градови ги користеле изминатите месеци „за да градат подобро; да ги бранат своите економии и културни сцени; и да продолжат со проекти за да се осигураат дека се негуваат транспортни работи и паркови, но исто така и да се промовира граѓанска гордост“, се наведува во истражувањето.

Поголем акцент е ставен и на граѓанското лидерство, политиките за домување и програмите за поддршка на претприемништво.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести