Најновото доделување на наградата Оскар не чека за еден месец, а како што стојат работите, рекламите што ќе бидат прикажани за време на овој настан ќе чинат многу.
Според „Variety“, телевизијата ABC наводно бара два милиони долари за да емитува реклама од 30 секунди на Оскарите оваа година.
Оваа информација е потврдена од два неименувани извори кои биле информирани за ситуацијата.
Она што ги загрижува радиодифузерите е дека рејтингот на Оскарите опаѓа. Имено, минатогодишните Оскари, кои се одржаа непосредно пред крајот на пандемијата, достигна најнизок рејтинг од само 23,6 милиони – што е за 6 милиони помалку од претходната година.
Овој тренд се очекува да продолжи и оваа година.
Церемонијата на доделување, како што е познато, е на 25 април.
