-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ХАОС ВО АЛБАНИЈА: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЛИР МЕТА СЕ СТЕПА СО ПОЛИЦИЈАТА (видео)

Албанскиот претседател Илир Мета наводно влегол во судир со полицијата која се обидувала да ги испразни канцелариите на ФРД, партија дел од опозицискиот блок. Како што објавија албанските медиуми, Мета дури и им се заканувал на полицајците дека ќе ги стави воо затвот.

Според Топ Чанел Мета побарал тие да излезат надвор и да не создаваат проблеми.

– Зошто ја малтретирате опозицската партија? Ви велам: Јас ќе ве одведам во затвор со свои раце, тоа е она што ви го велам, им се заканил Мета на крајно изненадените и револтирани полицајци, наведува телевизијата.

Според истиот извор причината е конфликт што започнал откако членовите на ФРД одбиле да ги испразнат канцелариите што од паријата го барала општина Тирана а во кое стои дека „треба да заминат од тука поради амортизираниот објект “.

Како што пренесува пак, агенцијата Балкан веб, Мета бил повикан од претседателот на партијата Сали Шеху(кој деновиве го замени Бамир Топи, по неговата оставка) дека физички го нападнала полицијата, што се повторило и во присуство на Мета.

-Претседателот Мета апелираше до градоначалникот на Тирана Ерион Велиај да се откаже од ваквото дејствување. Од полицијата пак побара да го почитува законот бидејќи ќе заврши како полицајата на Мубарак, пренесува Балкан веб.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај за Њуз 24 изјави дека ФРД не го почитува законот и дека пред 10 дена општината им испратила писмо да ги ослободат просториите а за што рокот изминувал денес.

-Испративме писма до партиите да ги ослободат просториите. Другите партии ја почитуваа одлуката, додека ФРД денес покажува моќ заедно со Мета, чие присутно не можам да си објаснам зошто е. Моја обврска е да го заштитат целокупниот имот на општината. Кога сите други партии сместени во овој објект го испочитуваа нашето барање и оваа партија мора го стори истото, рече Велиај.

Додаде дека просторите се во сопственост на општина Тирана обвинувајќи дека „денешното однесување на Мета е тешка деградација на институцијата претседателот а и на самиот себе како личност“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести