-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ВО СРБИЈА МАЛОЛЕТНИ ДЕЛИКВЕНТИ НАМЕСТО КАЗНА ЌЕ РАБОТАТ СО ЖИВОТНИ

Здружението на љубители на животни и природа „Зелени шепи“ склучи договор за соработка со Центарот за социјална работа во Зрењанин, кој предвидува вклучување на малолетни сторители на кривични дела во општествено корисна работа, како форма на воспитна мерка.

Како што пишува денес порталот Зрењанински, малолетни лица ќе бидат вклучени во активности насочени кон помагање на напуштени животни и природата.

Според здружението „Зелени шепи“, оваа едукативна мерка треба да влијае на развојот и зајакнувањето на личната одговорност на малолетните лица, како и на образованието и правилниот развој на личностите, со цел да се обезбеди нивна реинтеграција во социјалната заедница.

– Целта на работата, односно работата што малолетникот треба да ја изврши, мора да биде насочена пред се кон отстранување на штетните последици од кривичното дело поради извршување на кое му е изречена посебна обврска – објаснуваат од „Зелените шепи“.

Активистите на ова здружение се надеваат дека на овој начин соодветно ќе ги водат и подучуваат малолетниците за вистинските вредности, во корист на животните и природата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести