WhatsApp носи промени што нема да им се допаднат на повеќето.
Имено, освен што неодамна беше во центарот на контроверзии поради објавувањето на новите правила за приватност и изгуби огромен број на корисници, WhatsApp сега, очигледно, ќе престане да работи за некои постари верзии на уредите на Apple – особено за сите телефони кои користат iOS 9.
Како што објавија од „WaBeta Info“, веб-страница што често носи веродостојни информации за новите карактеристики на WhatsApp, поддршката за iOS 9 е прекината за новата верзија Beta 2.21.50. Ова многу лесно може да влијае на „Stable“ верзијата, односно на онаа што ќе биде достапна за сите корисници.
За потсетување, верзијата iOS 9 работи со уреди со iPhone 4 и iPhone 4S, па ако сè уште користите некој од овие – веројатно би можеле да размислите за промена, особено ако WhatsApp е многу важен за вас.
