-3.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ИДЕАЛНО РЕШЕНИЕ КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ ТУРИСТИ

Отсега, посетителите на Тајланд ќе мораат да поминат задолжителен двонеделен карантин поради вирусот корона на јахти.

Тајландската влада се надева дека иницијативата ќе донесе приход од околу 58 милиони долари, според ВВС, додавајќи дека овој потег има за цел да ја оживее туристичката индустрија во земјата погодена од пандемијата.

Оваа земја од Југоисточна Азија многу се потпира на приходите од туризам, а програмата за карантин на јахти ќе им овозможи на туристите кои имаат негативен тест за вирус на корона да го поминат времето на карантин на јахтата.

Бројот на туристи во Тајланд е намален од повеќе од 40 000 на ден на само неколку стотици поради пандемијата.

Околу 100 јахти се очекува да бидат вклучени во програмата, а патниците ќе мора да носат паметна белегзија што ги контролира виталните параметри како што се температурата на телото и крвниот притисок и ја следи локацијата на лицето преку GPS.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести