2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Кина размислува за дополнителни мерки за зголемување на наталитетот

Кина размислува за дополнителни мерки за зголемување на наталитетот, повеќе од четири години по укинувањето на политиката што им овозможи на семејствата да имаат само едно дете.

Кина спроведуваше строга контрола на раѓањето со децении со цел да се зачуваат скудни ресурси за нејзината растечка економија. Сепак, опаѓањето на наталитетот во Кина сега се смета како голема закана за економскиот напредок и социјалната стабилност. Националната здравствена комисија вчера објави дека ќе спроведе истражување со цел „дополнително стимулирање на породувањето“.

Властите ќе се фокусираат на североисточниот дел на земјата, провинциите Лиаонинг, Џилин и Хеилонгјанг, поранешни индустриски зони од кои заминуваат млади луѓе и цели семејства во потрага по подобар живот. Во 2019 година, во тие провинции имало 427.300 помалку луѓе отколку во 2018 година. Во 2016 година, Кина го прекина спроведувањето на политиката што им овозможува на семејствата да имаат дополнително дете, сепак, тој потег имаше само привремен ефект врз наталитетот.

Многу парови ги наведуваат економските и социјалните фактори како причина за одлуката да немаат повеќе деца, а експертите ја поздравија стимулацијата на наталитетот поради забележителното стареење на кинеското население.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести