12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Во англиското село Маргејт, се наоѓа една од најмистериозните пештери во оваа земја (ВИДЕО)

Во англиското село Маргејт, се наоѓа една од најмистериозните пештери во оваа земја.

Иако постојат несогласија, пештерата со школки наречена Shell Grotto во селото Маргејт најверојатно е откриена во 1835 година, но нејзината цел никогаш не била утврдена.

Се верува дека тоа место имала верска функција и дека е изграденадури пред 3.000 години.

Други веруваат дека пештерата служела како дом за витези, пишува „National Geographic“. Некои тврдат дека пештерата веројатно била комора за извршување ритуали.

Пештерата се состои од подземен премин висок 2,4 метри и долг 21 метар, а завршува со правоаголна просторија (олтарна комора).

Речиси сите површини се покриени со мозаик направен исклучиво од школки од локално потекло. Вкупната површина на мозаикот е 190 квадратни метри, тој е украсен со скоро 4,6 милиони школки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести