“Затоа што е…“
Пејачката Јелена Карлеуша вчера не присуствувала на погребот на пејачот Џеј Рамадановски, но тоа не ја спречило на друг начин да покаже колку го почитувала овој уметник, неговата работа и допринес.
Таа на својот Инстаграм нашла коментар на една следбеничка на Инстаграм која не одобрувала Џеј да биде погребан во Алеја на заслужни граѓани.
– Покрај Меша Селимовиќ, Андриќ, Милена Дравиќ… Џеј во Алеја на заслужни граѓани? Нека му е вечна слава, но ова нема вска со него. Споредба со толку научници, писатели, спортисти, глумци ова е катастрофа – пишувало во коментарот.
Веднаш следел одговорот на Карлеуша.
– Затоа што беше свет симбол на едно мрачно време, затоа што со својот несекојдневен глас и талент од таква народна музика направи уметност, затоа што беше припадник на ромска заедница, кој со успех ги разби расистички и малограѓански предрасуди, затоа што живото го посветил на хуманитарно работење, затоа што овој народ го сака повеќе од било кого во време на омраза и војна, затоа што секој од оние кои ги наведе дека се повеќе вредни би му ја стиснале раката, затоа што пораснал по домови, а умре како легенда која остави траг на Србија и во срцата на народот. Ете затоа заслужил – заклучила Карлеуша во одбрана на починатиот колега.

