7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Мицкоски одработува за Заев ?!

„Треба Зоран Заев да падне, за да Македонија стане. Колку побргу сфатиме дека не смееме да дозволиме овој човек со кој само државата губи да биде на чело на Владата, толку побргу ќе ја остраниме заканата за иднината“, изјави вчера Христијан Мицкоски во обраќањето посветено на 100 дена од новата влада на Зоран Заев.
После ваквата констатација која го сведува изборот на „или Македонија или Зоран Заев“, логично е лидерот на опозицијата да ја избере Македонија и да тргне во смена на Зоран Заев.
Наместо тоа, Мицкоски се одлучи да побара средба со Зоран Заев за да ги дискутира актуелните прашања. Нема ниту најава за масовни протести кои ќе траат до падот на Заев, нема напуштање на собранието, нема блокирање на институциите, па дури ни интерпелација.
„Ја актуелизирам повторно потребата од лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија“, изјави Мицкоски.

На лидерска нема да падне Заев ама ќе се спасува образот на Мицкоски

Оставка на Заев немаше, но Мицкоски прогласи победа и ги запре слабопосетените протести за кои најавуваше дека ќе траат се до паѓање на владата.
Во меѓувреме следеа и најави за интерпелација на владата, како конкретен чекор за рушење на власта на Заев.

Од тогаш поминаа две недели во кои што Мицкоски и неговиот потпретседател Александар Николовски ги подгреаја надежите на членовите на партијата дека обезбедиле поддршка за изгласување на недоверба на владата на Заев.

Доколку е вистина дека има пратеници кои сакаат да го напуштат тесното владеачко мнозинство, навистина е чудно зошто Мицкоски две недели не го поднесува барањето за интерпелација, туку бара средба со Заев. Доколку Македонија му е приоритет, а со секој ден на Заев само тонеме, тогаш Мицкоски би требало да ги искористи сите средства и без да калкулира да се одлучи да и помогне на Македонија. За уривање на Зоран Заев, Мицкоски има поддршка и од структурите блиски до Бранко Црвенковски.

Можеби наликува дека Мицкоски со развлекувањето на интерпелацијата му помага на Заев, но високи членови на ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека всушност на тој начин си помага и себе. Единственото образложение зошто Мицкоски досега не се одлучи за интерпелација, според извори во партијата е заради тоа што преминот на пратеници е уште една ноторна лага. Изворите ни тврдат дека таа лага е измислена само за да се изманипулираат незадоволните од владеењето на Мицкоски и да се неутрализира одржувањето на вонреден конгрес. Како што велат изворите, после гласањето на интерпелацијата ќе се открие уште еден неуспех и лага на Мицкоски после која членството ќе биде уште повеќе разочарано.

Медиа веќе пишуваше за оваа стратегија

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести