6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

МИЦКОСКИ ПРЕСУШИ со идеи како да ја брани фотељата – Пак ја сврте истата песна со преземање пратеници од СДСМ

„Во овој момент има неколку пратеници од владејачкото мнозинство, коишто сериозно размислуваат да го напуштат истото и да се формира ново парламентарно мнозинство во Собранието со цел да падне оваа влада, затоа што се незадоволни од националните предавства како и здравствената и економска криза која и се случува на Македонија“, изјави вчера во гостување на ТВ Алфа Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Оние кои ја следат политичката сцена ќе се зачудат дали гледаат програма во живо или Мицкоски дал насока да се пуштаат репризи од гостувањето на неговите први луѓе.

Оние пак кои не ја следат политичата сцена ќе се запрашаат зошто ваква сериозна информација се соопштува токму сега и на ваков начин. Дали не е пологично Мицкоски да почека тие пратеници од мнозинството да одлучат па да ја соопшти информацијата за уривање на владата ? Зошто тоа би се обзнанувало на медиум со слаб рејтинг и би му се давала предност на опонентот да изврши дополнителен притисок врз оние кои размислуваат? Доколку оние кои не ја следат политичката сцена се малку поупорни да дознаат повеќе на темата, лесно ќе сфатат дека секогаш кога Мицкоски го губи тлото под нозе и кога од него се бара одговорност и оставка за лошото водење на партијата, тогаш тој нуди магичен пресврт со кој што го манипулира членството дека „само што не дошол на власт“ или како што тој си го нарекува „уривање на власта на рати“.

Или лаже Мицкоски или него го лажат или пратениците од власта немаат капацитет да размислуваат

„Пратеници од СДСМ сакаат да ја напуштат пратеничката група и Зоран Заев“. Оваа блескава мисла Мицкоски ја кажа пред точно еден месец на гостувањето на штипската телевизија Стар. Мицкоски тогаш истакнал дека на тоа работат самите тие кои се незадоволни од Заев. Според него пратениците сакале да го напуштат Заев затоа што им ветувал многу, а не исполнил ништо. Тие биле незадоволни од тоа како Заев ја менаџирал партијата, коалицијата и државата.

Месец дена подоцна, ништо од незадоволството или од приближувањето на тие пратеници кон Мицкоски.

Со слична порака на истата Телевизија Стар во Штип излезе и потпретседателот Николовски.
Исто како и Мицкоски, тој најавуваше ново парламентано мнозинство.

Веднаш стигна понижувачки демант и ладен туш од СДСМ.

Инаку темата за кревање на очекувањата и креирање на лажна надеж дека ќе дојде до власт без да победи на избори ја иницираше токму Мицкоски , веднаш по изборите кога беше формиран Иницијативен одбор за вонреден конгрес кој од него побара оставка. Медиумите тогаш излегоа со фотографиите Мицкоски и Ахмети и наслови за средби со цел создавање ново парламентарно мнозинство.

Никому не му беше јасно зошто Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ би се противел доколку Мицкоски формира влада, но сепак на негово барање го овласти да преговарал за ново парламентарно мнозинство.

Многу време помина од тогашните празни ветувања за ново мнозинство. Извесно е само дека Мицкоски си ја сочува фотелјата, а ВМРО-ДПМНЕ остана во опозиција. Затоа и веќе не е важно дали Мицкоски свесно лажел за наводното размислување на пратеници од власта или пак го лажеле како мало дете, кое не знае што е политика.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести