1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

КОРОНАТА ГО ПОКОСИ СКОПЈЕ ! Еве кои општини се со НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ

Во последните 24 часа направени се 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаболени има во Скопје, и тоа 583. Според бројот на активни случаи, пак, најмногу регистрирани има во Аеродром и Гази Баба, каде бројките надминуваат над 1000.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 444

• Гази Баба – 1007

• Аеродром -1161

• Карпош – 987

• Центар – 956

• Кисела Вода – 922

• Ѓорче Петров – 595

• Бутел – 389

• Шуто Оризари – 123

• Студеничани – 36

• Сарај – 81

• Арачиново -20

• Илинден – 183

• Сопиште – 57

• Чучер Сандево – 65

• Петровец –73

• Зелениково -42

• Странец – 119

• Нераспределен- 150

Состојбата на Инфективната клиника, но и останатите болници во кои се лекуваат ковид пациенти е следна:

  • На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.
  • Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
  • Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.
  • Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
  • Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести