-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Уапсен бомбашот што фрли експлозивна направа врз домот на Здравко Чолиќ

Припадници на Управата за криминалистичка полиција денес го уапсија МС(32) осомничен за фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ.

На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа со наредба на Вишото јавно обвинителство.

Бомбата била фрлена во дворот на куќата на пејачот Здравко Чолиќ и никој не бил повреден, но е предизвикана материјална штета.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека едно лице е уапсено, додека потрагата по второто е во тек.

„Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за полиција на град Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информатичка агенција, го уапсија С. М. (32), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност во соизвршување.

Постојат основи на сомнение дека С. М. со друго лице по кое се трага, на 3 февруари оваа година околу 4:52 часот наутро, дошле во семејната куќа на жртвата во Дедиње, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот, предизвикувајќи материјална штета“, додаде тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести