8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

АМЕРИКАНСКИТЕ ГЛАСАЧИ СЕ ИЗМАМЕНИ!? Еве што велат аналитичарите

Аналитичарот Ентони Зурчер вели дека овој резултат е „рецепт за горчина и долга правна битка“.

Според моменталната состојба, демократскиот кандидат Џо Бајден доби повеќе од 69 милиони гласови на претседателските избори во Америка, што е најмногу од сите кандидати за претседател во историјата на изборите во таа земја. Актуелниот претседател Доналд Трамп доби околу два милиони гласови помалку. Сепак, американските претседателски избори се одржуваат според изборниот систем во кој победата во секоја федерална држава носи одреден број изборни гласови, а претседателот станува кандидат кога ќе собере 270 изборни гласови. Ситуацијата дополнително се искомплицира со утринскиот говор на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој утврди дека победил на изборите и дека се случува измама со пребројувањето на гласовите, поради што ќе побара интервенција од Врховниот суд.

Тоа е најголемиот проблем на овие избори во демократска смисла – победникот потенцијално треба да го одреди еден суд, а не реалната состојба на теренот и гласовите на американското гласачко тело. Ова всушност го девалвира целиот демократски процес, бидејќи ако судиите, а не граѓаните, одлучат за победник на изборите, тогаш тешко дека може да се смета за функционална демократија.

Ова не би бил прв пат, со оглед на случајот со Флорида во 2000 година, во кој имаше мртва трка меѓу демократскиот кандидат Ал Гор и републиканецот Џорџ В. Буш, па со недели беше неизвесно за кого се изјаснија изборните гласови на оваа важна федерална држава. На крајот, по серија тужби, Врховниот суд донесе одлука дека пребројувањето мора да престане и со тоа де факто му овозможи на Буш да победи.

Аналитичарот Ентони Зурчер изјавува дека ваквиот развој на настаните е „рецепт за горчина и долга правна битка“, кој ќе заврши на таков начин што гласачите на кандидатот што ќе ја загубат таа битка ќе се чувствуваат измамени и лути. Иако конечните резултати од изборите сè уште не се познати, она што е јасно по изборите е дека Америка останува длабоко поделена нација.

Германски Шпигел наведува дека мешањето на судот во изборниот процес на броење на гласовите ќе ги претвори сите претседателски избори во фарса.

– Американската демократија долго време се сметаше за светилник во многу земји во светот. Дека Доналд Трамп се прогласи за победник на претседателските избори и го обвини својот ривал за измама, иако стотици илјади гласови сè уште не се избројани, е гротескно, апсурдно и антидемократско.

Шпигел смета дека Трамп, како претседател, ја уништи довербата на граѓаните во демократските институции, но дека американската демократија не може да се уништи така лесно.

Во секој случај, кој и да биде лидер на САД, останува непобитен факт дека американското општество останува длабоко поделено и дека десетици милиони гласачи ќе помислат дека биле измамени на овие избори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести