1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска ја обвини СДС и лидерот на партијата, Венко Филипче, дека шират паника во јавноста во врска со најавата за изградба на национален дата центар.

Според Лефков, од СДС треба да направат разлика меѓу приватните дата центри и државниот национален дата центар, чија основна цел, како што посочи, е заштита и безбедност на податоците на граѓаните и државните институции.

„Државата има обврска од Реформската агенда, односно патот до ЕУ, за изградба на национален дата центар“, рече Лефков, додавајќи дека Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, но дека е потребен и примарен центар каде што би се чувале податоците од државните институции.

Тој посочи дека изградбата на ваква инфраструктура е поврзана со безбедноста на личните податоци на граѓаните, но и со заштитата на податоците на државните институции.

„Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедноста на личните и државните податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедноста и стабилноста на државата?“, праша Лефков.

Тој оцени дека заштитата на личните информации е особено важна за граѓаните при остварувањето на нивните права во различни области, меѓу кои здравствената и социјалната заштита.

Лефков нагласи дека сајбер-безбедноста и заштитата на информациските системи од потенцијални напади се стандарди на современите држави.

На крајот, тој ја обвини опозицијата дека, наместо да ја поддржи заштитата на државните системи и податоци, бара политички мотиви во процесот, додека, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на заштитата на граѓаните и државните интереси.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести