0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Жител на струмичко село предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, забележан е од полициски службеници и лишен од слобода


На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено мерење со дрегер е утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести