Тригодишно момче, наводно од Косово и Метохија, почина во понеделник попладне откако падна во река во Зиг, западна Германија.
Според медиумите на албански јазик, а објавени од белградските медиуми, З.К. паднал во реката минатиот вторник додека си играл со други деца од градинка.
Наставниците забележале дека го нема, следела потрага, а момчето подоцна било пронајдено во реката.
Итна помош го извлекла од водата и бил однесен во болница во критична состојба. Семејството им кажало на медиумите на албански јазик дека момчето е во кома.
Момчето наводно е од селото Непоље во близина на Пеќ.
