„За секоја жртва што била хоспитализирана или починала ќе биде обезбедена еднократна сума од 10.000 швајцарски франци“, објавија властите на овој швајцарски кантон, пренесува TF1. Во соопштението се наведува дека станува збор за итна еднократна помош за жртвите од трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. На барање на поединци и организации кои сакаат да донираат пари, отворена е посебна сметка за собирање средства, а Федералната администрација објави дека планира да основа независна фондација за управување и распределба на собраните средства.
Кантонот Вале, како што е најавено, ќе контактира со 156 лица од 19 земји, вклучувајќи ги Швајцарија, Франција и Италија. Дополнително, донесена е одлука за забрана на употреба на пиротехнички средства на места отворени за јавноста. „Одлучивме да ја забраниме употребата на пиротехнички средства на места отворени за јавноста“, објави владата на кантонот Вале. Кантонот Вале воведе слична забрана минатата недела по смртоносниот пожар во Кран-Монтана, објави Swiss Info.
