-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Над 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

Демографските податоци за Белгија покажуваат длабоки промени во етничкиот состав на населението, особено во главниот град Брисел.
Само 10,56% од жителите на Брисел на возраст до 17 години се со потекло од Белгија. Другите 89,44% или се родени во странство или се деца на имигранти.
Огромно мнозинство од 72,9% од малолетниците што живеат во Брисел имаат потекло надвор од Европската Унија, покажуваат податоци од агенцијата за статистика Статбел. Овие податоци ги демантираат тврдењата дека повеќето доселеници во градот се од други европски земји, затоа што во Брисел се концентрирани институциите на ЕУ.
На национално ниво, сликата е мошне поинаква. Две третини од населението е со белгиско потекло, 22% се со странски корени, а 13,8% се имигранти што немаат белгиско државјанство. Во Валонија 64% од населението е со белгиско потекло, а само Фламанскиот регион 71,9%.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести