0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Вардар и Лепенец пред излевање од својте корита

Зголемување на водостоите на реките и ризик од нивно излевање има во повеќе делови од земјата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утринава предупредија дека останува висок водостојот на реката Вардар во горниот дел од течението заедно со притоките.

Во текот на денот можеше да се види дека Вардар, во центарот на Скопје веќе е до ниво на ниското корито.

Од УХМР велат дека бранот на вода во текот на денот се движел низводно кон Јурумлери, Огњанци, Орешани и Зелениково.

Ја следиме состојбата со нивото на реката Лепенец, по интензивните и повеќедневни врнежи нивото е зголемено, но не постои опасност од излевање во моментов.Општинскиот кризен штаб е во постојана координација со државните институции ЦУК и ДЗС и со градот Скопје, а преку мерната станица во Орман го следиме нивото во реално време.Остануваме подготвени за делување.Напиша  на Фејсбук Александар Стојкоски

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести