0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Андоновски на средба со раководството на УСАИД во Вашингтон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во работна посета на Соединетите Американски Држави. За време на својот престој тој оствари средба со високи претставници на УСАИД во Вашингтон.

На средбата се дискутираше за регионалните и националните проекти на УСАИД во кои сме вклучени како држава и како Министерство, во фокусот на разговорите беа сајбер безбедноста, борбата против корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните.

Посетата на Вашингтон продолжува со билатерални средби и мултилатерални настани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести