-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Израелската армија воведе полициски час во јужниот дел на Либан

Израелската армија воведе полициски час за жителите на јужен Либан во областа јужно од реката Литани каде што се уште се присутни израелските сили, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот ги предупреди жителите да не одат во областа јужно од реката Литани меѓу 17 и 7 часот по локално време.

Примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила утрово во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби што започнаа откако палестинската милитантна група Хамас го нападна јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

Како што примирјето влезе во фаза на спроведување, портпаролот на израелската војска Авихај Адре ги предупреди либанските цивили да не се враќаат во нивните села во јужен Либан и ги повика да ги избегнуваат областите претходно евакуирани од израелската армија.

Договорот за прекин на огнот, кој израелскиот кабинет за национална безбедност го одобри синоќа со 10 гласови против, предвидува 60-дневен преоден период во кој израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги повлечат трупите од јужен Либан, додека либанската армија ќе распореди околу 5.000 војници јужно од реката Литани, вклучително и 33 пункта долж границата со Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Хезболах ќе го напушти јужниот дел на Либан, а неговата воена инфраструктура ќе биде демонтирана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести