7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Илон Маск донирал пари за кампањата на Трамп

Во извештајот не е прецизирано колку Маск донирал, но се истакнува дека тоа е „голема сума“ дадена на групацијата наречена America PAC.

Блумберг објави дека PAC – група која може да прима неограничени придонеси за политички активности – мора да ја објави својата листа на донатори на 15 јули.

Во март, Трамп, кој се очекува формално да биде номиниран следната недела како кандидат на Републиканската партија за изборите на 5 ноември, се сретна со Маск и други богати донатори.

Како одговор на извештаите за состанокот, Маск роден во Јужна Африка, еден од најбогатите луѓе во светот, објави на X: „Само да бидам супер јасен, не донирам пари на ниту еден кандидат за претседател на САД“.

Во мај, тој, исто така, ги негираше медиумските извештаи дека разговарал за можна советодавна улога во кое било претседателство на Трамп.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести