„Кина не ги исполни своите обврски за почитување и заштита на човековите права, како што покажаа тековниот геноцид и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, ерозијата на основните слободи во Хонг Конг, постојаното кршење на човековите права во Тибет и транснационалната репресија низ светот. “, тврди Стејт департментот.
Од таму ја повикаа Кина да се придржува до принципите содржани во Универзалната декларација за човекови права и да прифати многу од препораките дадени оваа година за време на Универзалниот периодичен преглед на човековите права, вклучително и безусловното ослободување на нејзините државјани кои произволно и неправедно ги притвориле.
