24.8 C
Skopje
четврток, мај 23, 2024

Пиете кафе без шеќер? Тоа ги открива вашите негативни страни

Научниците веруваат дека луѓето кои пијат кафе без шеќер и сакаат горчливи вкусови имаат карактеристики кои на многу луѓе не им се допаѓаат.

Тие откриле дека луѓето кои претпочитаат пијалоци со горчлив вкус, како што е црното кафе без шеќер или тоник, имаат поголема веројатност да развијат знаци на макијавелизам, садизам и нарцизам, што значи дека се повеќе склони кон подмолност, манипулација, суета, себичност или уживање во страдањето и болката на луѓето.

Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Инсбрук и опфатило 500 жени и мажи.

Тие требало да пополнат четири посебни прашалници. Објавените резултати од истражувањето покажале дека „луѓето кои претпочитаат горчлива храна и пијалоци биле повеќе склони кон макијавелизам, психопатија, нарцизам и садизам“, а кооперативните, емпатичните и љубезни луѓе не биле склони кон горчлива храна и пијалаци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести