Технолошките гиганти Мета и Гугл се обвинети во извештајот на две меѓународни невладини организации за задржување информации за абортусот и грижата за репродуктивното здравје низ Африка, Латинска Америка и Азија.
Во извештајот на меѓународната организација МСИ Репродуктивни избори и Центарот за борба против дигитална омраза се наведува дека платформите го ограничуваат рекламирањето на локалните центри за абортус, ги бришат објавите за контрацепција и не успеваат да ги спречат дезинформациите на социјалните мрежи.
МСИ, која обезбедува услуги за абортус и контрацепција во 37 земји, соопшти дека Мета ги одбила или избришала своите реклами со информации за сексуално здравје, вклучително и совети за рак, пишува Гардијан.
