0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Путин: Не е возможен директен дијалог со Западот и му се заблагодарувам на Карлсон што посредувал во тоа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека санкциите против американскиот новинар Такер Карлсон по неговата посета на Русија ќе го покажат „вистинското лице на модерната либерално-демократска диктатура во САД“.

– Од гледна точка луѓето ширум светот да сфатат што е модерна либерално-демократска диктатура, која наводно е претставена во денешната владејачка класа на САД, тоа би било убаво. Тие тогаш би го покажале своето вистинско лице, рече Путин во интервју за рускиот новинар Павел Зарубин, одговарајќи на прашање за можни санкции против Карлсон.

Путин истакна дека денес не е возможен директен дијалог со Западот и му се заблагодари на Карлсон што посредувал во тоа.

– Ако денес, поради некоја причина поврзана со нив, не можеме да водиме директен дијалог, тогаш треба да му бидеме благодарни на господинот Карлсон што можеме да го направиме тоа преку него како посредник, рече Путин во интервјуто објавено на каналот на Телеграм на Кремљ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести