2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Зеленски: Нов пакет помош оружје од Полска

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека неговата земја ќе добие нови резерви на оружје од Полска со цел да ја зајакне одбраната од целосна руска инвазија, јави ДПА.

-Ќе има нов пакет за снабдување со оружје од Полска, рече шефот на државата за време на неговото традиционално видео обраќање синоќа до нацијата. На неговиот вчерашен состанок со Туск во Киев, двајцата разговарале и за идното заедничко производство на оружје и муниција. Третата тема на разговорите што ја спомена Зеленски беше обуката на украинските војници во полскиот вооружен систем.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести