Ниту еден камион со гориво на Обединетите нации не влегол во Газа преку преминот Рафа, изјави денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА).
УНРВА го преместува своето ограничено количество гориво во Газа и планира да го стави на располагање на здравствените работници, изјави за новинарите директорката за комуникации на УНРВА, Жулиет Тума.
