0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Експертите тврдат дека голема е веројатноста да не привлече некој што е сличен на нас

Експертите тврдат дека голема е веројатноста да не привлече некој што е сличен на нас, но и дека привлечноста зависи од многу други фактори.

Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некоја личност за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не.- За некои луѓе привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно – вели сексуалниот терапевт Ли Норен.

– Во други случаи, сè може да оди во спротивна насока, а привлечноста кон партнерот, на пример, исчезнува и потоа исто толку неочекувано повторно се појавува неколку месеци подоцна – додала таа.

Ли објасни дека има многу фактори кои влијаат на привлечноста. Тие работат во исто време и можат да бидат поважни од изгледот на една личност. Ова се факторите кои влијаат на моменталната привлечност:

Близина

Поголема е веројатноста да нè привлече некој кој е физички поблизок со нас, како што е некој што живее во нашето соседство или колега на работа.

Сличност

Слично на тоа, поголема е веројатноста да нè привлече некој што е повеќе како нас.

Сепак, тоа што сме слични не гарантира долговечност на врската или колку сме среќни заедно.

Физичка возбуда

Кога ќе сретнеме некој што не го познаваме, тоа ги зголемува шансите да почувствуваме моментална привлечност.

Ист е случајот кога сме физички возбудени, односно кога пулсот се зголемува како последица на адреналинот.

Расположение

Ни се допаѓаат луѓето кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, повеќе ги сакаме другите кога самите се чувствуваме добро.

Поголема е веројатноста да не привлече некој кога сме расположени.

Помал избор

Кога имаме помалку потенцијални партнери за избор, ги гледаме присутните како попривлечни луѓе.

– Кога се чини дека партнерот е потешко да се фати, тоа ни станува попривлечно – вели Ли Норен.

Изглед

Привлечноста што ја чувствуваме може да зависи и од тоа дали другите луѓе ја сметаат таа личност привлечна. Зависи и од тоа дали во истата просторија има други луѓе чиј физички изглед ни е привлечен.

– Изгледот на човекот обично е поважен на почетокот на врската отколку подоцна во романтична врска – објасни терапевтот.

Хормони

Привлечноста што ја чувствуваме е делумно одредена од нашето сетило за мирис и хормоните.

Повисоко ниво на окситоцин и допамин може да го зголеми нивото на привлечност.

– Навистина има многу фактори кои влијаат на тоа дали некому ќе му бидеме привлечни или не

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести