7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (07.06.2023) во 11.05 часот на ул.„Мехмет Гего“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.Б.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.  

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести