0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени познати политичари

По вчерашниот претрес на повеќе објекти, градоначалникот Хаџибајриќ е приведен во МУП на сараевската жупанија заедно со неговиот син Сеид, општинскиот секретар Алма Дестановиќ и претприемачот Елмедин Каришиќ и уште четири лица бидејќи обвинителството ги товари за организиран криминал, злоупотреба на позиција или овластување, перење пари и примање и давање мито.

Според соопштението на жупаниското обвинителство во Сараево, се сомнева дека од 2019 година до мај 2023 година Хаџибајриќ и Каришиќ организирале и раководеле со криминална група. Некои нејзини членови комуницирале меѓу себе преку инсталираната апликација Скај за да си ги покријат трагите и да договараат извршување на кривични дела.

Според обвинителството, градоначалникот на општина Стари Град Сараево, Ибрахим Хаџибајриќ, кој е и потпретседател на партијата Народна Европска Унија (НЕС), примил поткуп во износ од 75.000 евра само за доделување на недвижен имот на подрачјето на таа општина. Осомничените се товарат и дека незаконски издавале паркинг места за најмалку три фирми кои ги контролирале во исто време, а со тоа незаконски заработиле стотици илјади марки.

По кривичната истрага на полицијата, уапсените во текот на денот ќе бидат предадени на жупаниското обвинителство во Сараево.

При претрес на општинската зграда и други објекти што ги користеле пријавените, пронајдени и одземени се документи, електронски уреди за чување податоци, пари и накит, како и бројни други предмети, соопшти полицијата.

Групата во која бил и градоначалникот на Стари Град Сараево е разоткриена благодарение на дешифрирањето на апликацијата Скај, која се користела за комуникација меѓу криминалците. БиХ податоците за овој случај ги добиле од Европол.

Поранешниот министер за безбедност на БиХ и лидер на партијата Алијанса за подобра иднина, Фахрудин Радончиќ најави дека со помош на податоците од оваа комуникациска апликација ќе бидат отстранети бројните спонзори на тежок криминал.

„Благодарение на апликацијата Скај, на подрачјето на регионот се открива дека зад нарко картелите практично стојат полициско-разузнавачки, судски и политички лидери. Скај ќе ја исчисти Босна и Херцеговина од многу политичари, а дел од полициските структури веќе паднаа“, рече Радончиќ за државната радио и телевизија на Босна и Херцеговина, БХРТ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести