0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ММФ: Постои зголемен ризик светот да се подели на завојувани економски блокови

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгијева денеска предупреди дека на глобалната економија и се заканува распаѓање во завојувани блокови.

Во својот говор во Брисел, наречен „Обединети против поделениот свет“, Георгиева изјави дека светот се наоѓа во опасен историски момент, се вели во соопштението на ММФ.

„По децении глобална интеграција, постои зголемен ризик светот да се подели на завојувани економски блокови. Ова сценарио ќе биде штетно за сите, вклучително и за населението во Европа“, рече таа.

Оваа опасност е особено изразена поради фактот што овој период на глобален економски раст е „под историските стандарди“, додаде Георгиева.

ММФ прогнозира дека нивото на глобален економски раст во следните пет години ќе биде околу три проценти, предупреди првиот човек на ММФ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести