Поранешниот претседател Доналд Трамп пристигна во канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, каде што е уапсен и во полициски притвор пред неговото претстојно судење, објави СиЕнЕН
Се очекува на Трамп да му бидат земени отпечатоци од прсти како дел од апсењето.
Тој потоа ќе биде изведен во судница, што се очекува да помине брзо и рутински, но претставува надреален и историски момент во историјата на САД.
Трамп не се очекува да биде врзан со лисици по апсењето, бидејќи тој ќе остане под постојана заштита на органите за спроведување на законот.
