-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Героски: Кој е виновен што „Таргет-Тврдина“ се турка со сила, без валидни докази и без кредибилни сведочења

И сега, шупрајме? Кој е виновен што процесот се турка со сила, без валидни докази и без кредибилни сведочења кои би ја докажале вината на обвинетите? Кој ќе биде крив утре, ако некој судија од Апелација собере храброст да каже – не оди оваа работа вака? Ако се најде таков…Зошто истрагата е водена вака? Зошто СЈО се потпрело на скриншотовите од ВИП ОНЕ, кои наводно регистрирале „неповторливи моменти“ на „совест“ на нивната машина за прислушување? Која, патем речено, воопшто не смеела да „снима“ било какви исписи за внатрешна употреба во компанијата?

Основано е сомневањето дека во ВИП ОНЕ тогаш свесно се креирале некакви материјали (невалидни сами по себе, бидејќи нема оригинали со кои би се споредила, но подобро од никакви, нели), за некое идно лансирање на афера за масовно прислушување и за „докажување“ на таа афера.Исто така, основано е сомневањето дека и со други уреди надвор од МВР е УБК е правено истото – вршено е нелегално прислушување (докажано со сведочења во процесот „Таргет-Тврдина“), со цел тие материјали (снимки и транскрипти) да послужат како докази за аферата (ова второво не е докажано, но не може ни да се отфрли како сомнеж).

Внимавајте, јас не тврдам дека тие сомнежи задолжително одговараат на вистина. Но, тврдам дека не ја знаеме вистината – имено, знаеме дека имало прислушување (јас лично имам добиено 12 транскрипти од мои пресретнати разговори), но не е докажано кој прислушувал.И од она што го гледам следејќи го процесот „Таргет-Тврдина“, тоа нема ни да се докаже!

Истрагата е водена така траљаво и неодговорно, што едноставно нема материјални и други валидни докази дека обвинетите навистина се виновни за масовното нелегално прислушување.Без докази не смее да има осудителна пресуда!Кој треба да ја докаже вината на обвинетите? Товарот на докажувањето е на обвинителот, а не на обвинетите. Судот е тој што мора правилно да оцени дали Обвинителството успеало да обезбеди докази или не – ако не успеало, судот не смее да го осуди обвинетите.Не е случајно тоа што при укинувањето на првостепената пресуда, Апелација побарала првостепениот суд точно да утврди кој е прислушуван и од кого. Без тоа да се утврди without resonable doubt, кејсот „Таргет-Тврдина“ мора да падне.

Така би било ако е ова држава во која владее правото. Аме не е. Бидејќи кај нас владее хаос и волунтаризам, за жал, се е можно на Фејсбук напиша Героски

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести