7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

ФБИ: Потеклото на пандемијата е веројатно поврзано со инцидент во лабораторијата во Вухан

Слична претпоставка пред неколку дена имаше и американското Министерство за енергетика.

– Федералното биро за истраги веќе некое време смета дека потеклото на пандемијата е многу веројатно поврзано со инцидент во лабораторијата во Вухан – изјави Реј за Фокс њуз.

Неговата изјава уследи по извештајот на Волстрит журнал дека Министерството за енергетика на САД проценило со мала доверба дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија.

– Кина прави сѐ што може за да ги спречи САД и другите земји да дознаат повеќе за причината за пандемијата – додаде американскиот функционер. Реј рече дека не може да даде многу детали за проценката на ФБИ бидејќи тоа е доверлива информација.

Американските разузнавачки кругови сè уште имаат различни мислења за потеклото на вирусот. Некои веруваат дека пандемијата настанала природно, т.е. со пренесување на вирусот од животно на човек.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека американската влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на вирусот. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп постојано ги обвинуваше властите во Пекинг дека се одговорни за пандемијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли сите обвинувања и се повикува на извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) кој укажува на природно потекло на причината за пандемијата, а не на истекување од лабораторија. Претходно беше откриено дека вирусот најпрво почнал да се шири на пазар за морска храна во Вухан, што е на околу 40 минути возење од лабораторијата што беше вклучена во истражувањето на коронавирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести