За време на средбата во главниот град на Казахстан, Астана, Блинкен рече дека со кршење на американските санкции кон Русија, Пекинг само ќе создаде проблеми во односите со другите земји.
„Го набљудуваме тоа од првиот ден, а причината поради која го покренав не само со Ванг Ји минатата недела, туку и јавно, заедно со другите колеги во администрацијата, е загриженоста што врз основа на информациите што ги имаме, Кина размислува да се оддалечи од несмртоносната поддршка што им ја даваат на некои нејзини компании, но и смртоносна материјална поддршка за руските воени напори во Украина“, посочи тој.
„Она што можам да го споделам со вас е дека многу јасно ја предупредивме Кина за импликациите и последиците од обезбедувањето таква поддршка. Нема да се двоумиме, на пример, да таргетираме кинески компании или поединци кои ги прекршуваат нашите санкции или на друг начин учествуваат во поддршката на Русија.“, додаде тој.
Блинкен рече дека Вашингтон ги издава лиценците за да им даде време на компаниите да ги прекинат врските со руските компании кои се санкционирани во обидот на Западот да изврши притисок врз Москва да стави крај на војната. Посетата на Блинкен на главните градови на Казахстан и Узбекистан е негова прва посета на регионот откако стана главен дипломат на администрацијата на Бајден.
