Овен
Љубов:
Анализирајте ја вашата сакана личност повнимателно за да откриете некои од скриените пораки или намери.
Работа:
Понекогаш треба да го користите шаховското правило „допрено-отстрането“. Соработниците очекуваат да дејствувате ефикасно и снаодливо.
Здравје:
Важно е да акумулирате позитивна енергија.
Бик
Љубов:
Обидете се да ја израдувате вашата сакана личност со некоја необична идеја, сè изгледа поинаку во романтично расположение.
Работа:
Изгледате многу амбициозни, внимателно проверувате различни информации кои влијаат на квалитетот на заедничкиот бизнис.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Близнаци
Љубов:
Не добивате доволно емотивно внимание и поддршка од партнерот, размислете која е вистинската причина. Некаде сте затаиле.
Работа:
Премногу ароганција од ваша страна може да го искомплицира договорот поврзан со деловна и финансиска соработка.
Здравје:
Ќе ви годи излегување или средба со пријателите, како добра релаксација.
Рак
Љубов:
Партнерот често се жали на вашето однесување и грешки. Можеби немате доволно убедливи објаснувања за едноставни прашања.
Работа:
Со нетрпение очекувате нови информации. Во ваша корист ви се различни околности и сознанието дека сте во центарот на важни настани.
Здравје:
Избегнувајте непотребни компликации и големи предизвици.
Лав
Љубов:
Изгледате вознемирено. Порано или подоцна, мора да прифатите нечии правила за заеднички живот и „емоционално предупредување“.
Работа:
Се обидувате да го привлечете вниманието на околината во насока која најмногу одговара на вашите деловни интереси.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.
Девица
Љубов:
При средба со саканата личност, новите настани се добра причина за заедничка прослава. Се во согласност со инспирацијата.
Работа:
Потпрете се на интуицијата кога ја донесувате конечната одлука. Под влијание сте на факторот среќа, па можете да очекувате позитивни резултати.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија.
Вага
Љубов:
Некој ги одредува правилата на однесување, а вие мора да се помирите со „дадената улога“. Се разбира, тоа не ви се допаѓа.
Работа:
Некој предлага необична идеја или полесен начин на водење бизнис. Нема причина да се однесувате арогантно или расипнички кога се среќавате со соработниците.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации и напорни обврски.
Шкорпија
Љубов:
Смирете ги вашите афекти. Подобро е да побарате добар совет отколку да преземете емоционален ризик без причина.
Работа:
Ви недостига концентрација за да се вклучите на различни страни. Не донесувајте избрзани одлуки.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или престој во природа, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, осмислете забава што одговара на вашите заеднички потреби и вкусови. Сакате емотивно зближување.
Работа:
Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и сменете ја стратегијата.
Здравје:
Важно е да се усогласат мислите и чувствата.
Јарец
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која ве гледа со љубовен поглед или со топла насмевка на усните. Препуштете се на вашата инспирација.
Работа:
Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите хоризонти. Некој ве насочува кон креативно изразување и дејствување.
Здравје:
Почестете се со вашата омилена забава, како поттик за добро расположение.
Водолија
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Риби
Љубов:
Важно е вашите идеи или емоционални интереси да наидат на позитивен одговор. Партнерот сака да ве охрабри и да ве одоброволи.
Работа:
Некој јасно ви става до знаење дека сте во добра позиција. Важно е да се процени најдобриот момент за акција и да се надмудрат потенцијалните ривали.
Здравје:
Делувате активно и сте во одлична психофизичка форма.
