-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Еве кои парови најмногу уживаат во сексот во вечерните часови, а кои наутро

Некои парови најмногу уживаат во сексот во вечерните часови, додека има и такви кои уживаат наутро. Она што е сигурно е дека секогаш кога имате секс, тој дефинитивно добро влијае на вашето здравје.

Еве зошто сексуалниот однос е најдобар во утринските часови, односно кога ќе се разбудите:

Поголема продуктивност

За време на сексот, нашето тело лачи супстанции кои позитивно влијаат на расположението. Затоа не е лошо на овој начин да си го подобрите расположението, бидејќи денот ќе ви биде многу повесел и пораспеан.

Студија од 2018 година покажала дека од 1.000 луѓе кои учествувале во ова тестирање, 45 проценти од жените и 53 проценти од мажите покажале подобра продуктивност во текот на денот, по утринскиот секс.

Помалку стрес

За време на сексуалниот однос, во телото се ослободуваат допамин и окситоцин, што секако може да ви помогне да се чувствувате подобро и поопуштено. Она што е сигурно е дека после утринскиот секс сигурно ќе имате помалку стрес во текот на денот.

Нивото на тестостерон е највисоко наутро

Како што наведоа некои експерти, нивото на тестостерон кај мажите е највисоко наутро, па затоа утринскиот однос е најдобриот начин да го започнете денот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести