Во интервју за Фајненшл тајмс, Мили рече дека Пентагон ги ревидира своите резерви на оружје и можеби ќе треба да ги зголеми воените трошоци со оглед на тоа колку брзо муницијата се троши во војната во Украина. Иако тој не ги поврза забрзаните трошења за муниција со неговата поддршка за мировните разговори, тој рече дека верува оти војната ќе заврши на преговарачката маса.
„Ќе биде речиси невозможно Русите да ги постигнат своите политички цели преку воени средства. Многу е неверојатно Русија да ја освои Украина. Тоа едноставно нема да се случи“, рече Мили.
Но, веднаш потоа тој додаде дека ќе биде „многу, многу тешко за Украина да ја постигне целта да ги протера Русите од секој сантиметар од територијата окупирана од Русија“. „Тоа не значи дека нема да се случи, но тоа е исклучително тешка задача. Тоа, во принцип, бара целосен колапс на руската војска“, тврди Мили.
