4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Борбени авиони на американското воено воздухопловство по втор пат пресретнале руски воени авиони над Алјаска

Борбени авиони на американското воено воздухопловство по втор пат за два дена пресретнале руски воени авиони и бомбардери кои летале над Алјаска.

-Руските авиони не влегле во канадски или американски воздушен простор, јавува Си-Ен-Ен, пренесува Индекс.

Да потсетиме, во вторникот два американски авиони Ф-35 пресретнаа два руски бомбардери ТУ-95, како и неколку борбени авиони СУ-30 и СУ-35. Во моментот на пресретнувањето руските авиони биле на повеќе од 300 километри од брегот на Алјаска.

Ден претходно два ловци Ф-16 пресретнале руски бомбардери ТУ-95 и ловци СУ-35 кои влегле во т.н. зона за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ), но останале надвор од воздушниот простор на САД.

-Во двата случаи биле вклучени четири руски авиони, соопшти американската војска.

Инцидентите се случуваат во услови на зголемени тензии меѓу Америка и Русија поради поддршката на Западот за Украина, која Русија ја нападна пред речиси една година. САД испратија најмногу оружје и друга помош за Украина од која било западна земја.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести