-1.2 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Основните трошоци во ЕУ се зголемени во вториот квартал во однос на претходните три месеци

Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци се зголемил во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на Европската унија вклучени во истражувањето, објави Евростат.

Се намалил само во Словенија и Финска. Податоците до Евростат ги доставиле Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска. Според податоците со кои располага Еуростат, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.

Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци.

Нивниот удел бил најмал во Финска, каде што изнесувал 11 проценти. Истражувањето покажало и дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци. Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби.

Нивниот удел бил најмал во Бугарија, каде што изнесувал нешто повеќе од три проценти. Учеството на жителите во поволна финансиска позиција е помало во девет земји во вториот квартал отколку на почетокот на годината, а во Италија е речиси непроменет.

Најмногу е намален во Словенија и Австрија, за 4,4, односно 4 процентни поени. Мнозинството од испитаниците изјавиле дека нивните приходи се непроменети или дури зголемени во набљудуваниот период, забележува Еуростат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести