2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО: Над шест милиони Украинци се без електрична енергија

Над шест милиони Украинци се без електрична енергија по континуираното руско бомбардирање на енергетската инфраструктура, во пресрет на најавуваната сурова зима и минусни температури. Украинскиот претседател Зеленски им порача на граѓаните дека неопходно е штедење на енергијата и дека ако немаат прекин на струја, не значи дека проблемите се веќе решени. Зеленски посочи дека иако во низа градови локалната самоуправа добро ја завршила работата, но за прв пат упати и критики кон градоначалникот на Киев Виталиј Клично и неговото справување со кризата.

„На граѓаните на Киев им е потребна поголема заштита. И вечерва повеќе од шест милиони претплатници имаат прекин на струја во повеќето региони и во Киев и тоа повеќе од 20 дури и 30 часа во континуитет немаат струја . Очекувам поквалитетна работа од кабинетот на градоначалникот. “-Володимир Зеленски, Претседател на Украина

Додека руските гранатирања продолжуваат врз Украина, генералниот секретар на НАТО, ракетирањето на стамбени објекти, училишта и болници, го оквалификува како воено злосторство.

„Намерното таргетирање кон инфраструктура и цивили е воено злосторство.“- Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО

Во меѓувреме со зачестени проблеми и критики се соочува рускиот Претседател Путин. Во ретко соочување по бројни молби тој се сретна со дел од мајките и сопругите на руските војници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести