9.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Русија донесе закон против ЛГБТ заедницата

Според новиот закон, кој сè уште треба да го одобри Горниот дом на парламентот и претседателот Владимир Путин, секоја акција или информација за која се смета дека е обид за промовирање на хомосексуалноста – без разлика дали во јавноста, на Интернет или во филмови, книги или реклами – може да биде казнета со голема парична казна.

Претходно, законот само забрануваше „промоција на ЛГБТ начин на живот наменет за децата“. Новиот предлог-закон, исто така, забранува „демонстрирање ЛГБТ однесување на децата“. Пратениците велат дека ги бранат традиционалните вредности на „рускиот свет“ против либералниот Запад, за кој велат дека е решен да ги уништи – аргумент што властите се повеќе го користат како едно од оправдувањата за руската воена кампања во Украина.

Властите веќе го искористија постоечкиот закон за да ја запрат геј парадата и да ги приведат активистите за правата на хомосексуалците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести